Проблеми пред дуелот со Гибралтар: Трајковски отпадна, Елмас под знак на прашање
Македонската фудбалска репрезентација утре се среќава со Гибралтар, од таборот на нашиот национален тим, лоши вести, Александар Трајковски отпадна, а под знак на прашање е настапот на Елиф Елмас.
Селекторот Благоја Милевски ги потврди овие информации на денешниот прес.
Александар Трајковски отпадна, не е во комбинација за утре, додека сè уште е неизвесен настапот на Елиф Елмас, имаме неколку играчи кои поради настинка се исто така под знак на прашање. Проблем е и исцрпеноста на дел од играчите, искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме до последен момент. Што се однесува до натпреварот, мора да го дадеме максимумот, мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас на средбата. Треба да бидеме повеќе конкретни во завршната фаза од нападите, и секако да победиме“, изјави Милевски.
Дуелот утре се игра од 18 часот, на арената „Тодор Проески“.