Продале сѐ за пат околу светот: Потоа следувало изненадување
Еден пар решил да се откаже од се и да тргне од почеток како би го оствариле својот животен сон и го промениле животот од корен.
Танер Боадвел (26) и Ники Волш (26) дале отказ на работа, продале се што имале и купиле брод со кој се упатиле на пат околу светот. Се смислиле и се радувале на планот кој го направиле бидејќи тоа им било животен сон. Но, среќата им свртела грб само два дена по испловувањето. Близу до брегот на Флорида, со бродот налетале на некој објект во водата кој им нанел големо оштетување на нивниот брод.
Бродот се превртел и почнал да тоне, а тие двајца го завршиле патувањето така што морале да спасуваат живи глави. Успеале да го спасат нивното куче, а од имотот спасиле само 90 долари. Се што стекнале низ годините го изгубиле за 20 минути.
-Целиот план го правевме година дена. Саквме да одиме на Карибите, а потоа на пат околу светот. Се продадовме за да би можеле да купиме брод, дури и нашиот автомобил“, рекла Ники.
Иако оваа трагедија им пореметила се, тие се среќни бидејќи успеале да се извлечат и не планираат да се откажат од својот сон. Иако немаат ни работа ни заштеда, одлучни се во намерата повторно да соберат пари и купат нов брод.
На инстаграм профилот Ники која го нарекла по бродот кој го купиле (lagniappe adventures) таа објавила водич за патување. За жал нивното патување траело само два дена.
-Се тоа е дел од нашата авантура. Верувам дека ова е некој вид на благослов. Се изгубивме, но не го изгубивме нашиот сон, додала таа.