Професионален танчер откри како губи 2.000 калории за еден час во теретана: Ова е неговиот трик (ВИДЕО)
Професионален танчер и инфлуенсер на Инстаграм откри
интересен метод со кој согорува дополнителни калории за време на тренинг.
Елиас Устариз тврди дека согорува 2.000 калории за еден час танцувајќи во долна облека наместо опрема за тренинг. Тој дури вели дека методот му помогнал да изгуби 1,5 кг за само два дена. „Тоа што се видов себеси во огледало ми даде поголема самодоверба и желба да вежбам уште повеќе“, изјави за Jam Press Елијас, кој работи како професионален танчер.
„Јасно ја видов еволуцијата во мојот секојдневен тренинг. Вежбањето станува поинтересно кога го имате вашето тело на повидок. Нормално е да се вежба гледајќи во огледало, теретаните имаат огледала кои помагаат при тренинзите. Но, зошто да не вежбате без облека?“.
„За време на тренинзите во долна облека станувам многу еуфоричен, па затоа е неопходно да бидам добро хидриран. Многу е важно да пиете многу вода за да ја надоместите течноста изгубена преку потта“, вели Елиас.
Изгледа дека овој метод и ја врши работата на танчерот кој е ѕвездата на социјалните мрежи, која редовно споделува голи фотографии во долна облека на својот Инстаграм профил каде има 127.000 следбеници.
Обожавателите редовно ја коментираат неговата фигура, дури и го опишуваат како „совршен“.
Дали верувате дека овој трик навистина функционира?
Фото и Видео: Инстаграм