Прогласен најлошиот филм и најлошиот актер во последната година: Доделени наградите „Златна малина“
Прогласен најлошиот филм и најлошиот актер во последната година: Доделени наградите „Златна малина“
Во пресрет на Оскарите
Наградите „Златна малина“ за најлошите достигнувања во светот на филмот во 2020 година беа доделени вчера во Лос Анџелес, меѓу кои „Апсолутен доказ“ беше „награден“ како најлош филм, во кој најлош актер е Мајк Линдел, а награда доби и поранешниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани.
Мајк Линдел е американски бизнисмен кој го поддржа Доналд Трамп и ширеше лажни вести за наместените избори во Америка. Тој исто така го промовираше екстрактот од токсичното растение олеандрин како лек против коронавирус.
Наградата „Златна малина“ (Golden Raspberry Award ili skraćeno Razzie) се доделува од 1981 година, ден пред Оскарите.
Џулијани ја освои „Златната малина“ како најлош спореден актер во филмот „Борат 2“.
Повеќето од овие награди, три, им припаднаа на протагонистите на филмот „Музика“, односно ја има најлошата главна и споредна актерка Кејт Хадсон и Меди Зиглер и најлошата режисерка Сиа.
Наградите „Златна малина“ за 2020 година ги добија и филмот „Дулитл“ како најлош римејк и филмот „365“ за најлошо сценарио.