Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM 2022 во Келн
Витаминка ги претставува своите производи на саемот ISM 2022 во Келн, Германија, којшто се одржува од 30ти јануари до 2ри февруари. ISM 2022 е најголемото саемско случување за кондиторски производи и присуството на овој саем е единствена можност за воспоставување нови деловни релации и пробивање на странски пазари. Овој саем важи за најдоброто место каде што една компанија може да се информира за движењата на пазарот и за сопствените компетитивни предности.
„ISM Келн е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет. Годинава, иако под пресија на пандемијата, со програмата, учесниците, активностите и можностите што ги нуди, ISM Келн уште еднаш си ја потврди репутацијата како најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука“, вели Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.
Оваа година на саемот во Келн учествуваат повеќе од 1800 производители од 76 земји од светот, а се очекуваат повеќе од 38 000 посетители од индустријата и сегментот кондиторија сите страни на светот.
* ПР - објава