Пролетно реновирање - Уживај во пролетните денови и „Освежи го својот дом“
Пролетта е зад аголот, а секој пролетен ден со себе носи нова надеж, многу инспирација и храброст за големи промени. Оваа сезона е идеално време за да го освежите вашиот дом со пролетно реновирање и да внесете позитивна енергија.
За секој свеж почеток, пролетта и природата се добитна комбинација. Дозволете и на природата да ве инспирира со сите нејзини убавини и направете го вистинскиот избор на бои и материјали, за да ја создадете вашата „стилска“ оаза на мирот.
Во моментов, од палетата „природни бои“ најпопуларни се жолта, бела, темно кафеава и пролетна зелена боја со акценти на сина. За да го добиете посакуваниот ефект, најпрво треба да ја одберете бојата на мебелот, за потоа со голема доза креативност да ги искомбинирате останатите бои во просторот со различни детали, украси и растенија.
Мебелот е суштински дел од секој дом, па затоа освен што треба да ја пронајдете совршената боја за вашето парче мебел, треба да внимавате на удобноста и квалитетот. Често се случува убавиот изглед да не го оправдува квалитетот, па изборот на мебел може да биде нелагоден процес. Но, од 20 до 24 март се деновите кога на едно место ќе пронајдете ексклузивен мебел со врвен и проверен квалитет. Во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржи Саем на мебел со фантастични понуди.
Саем на мебел 2024, ќе понуди несекојдневно саемско искуство со многу новитети и изненадувања. Посетителите ќе имаат само еден „проблем“, а тоа е бескрајниот избор на модерен, практичен и квалитетен мебел по исклучителни цени. Исто така, на секое прашање, ќе добијат одговор од професионалец. Не треба да се грижат ниту за финансискиот дел, затоа што и оваа година Комерцијална Банка со својата понуда ќе ја овозможи потребната поддршка на посетителите за лесно и едноставно да го купат своето омилено парче мебел.
Откако омиленото парче мебел ќе биде Ваше, се што треба да направите е да и се препуштите на креативноста и да и посакате добредојде на пролетта во вашиот дом. Во зависност од изгледот на мебелот, уредете го остатокот од просторијата.
Доколку сте избрале впечатлива софа во жолта боја, син ѕид ќе биде одлично дополнување. Темно кафеавиот мебел може лесно да го искомбинирате со многу перници во живописни бои и со раскошни зелени растенија. Растенијата освен што ќе внесат боја и живот, го прочистуваат воздухот во просторијата, со што се создава совршена домашна атмосфера, а белата боја користете ја за да постигнете баланс помеѓу контрастот на жолтата, сината или зелената боја.
Комбинацијата на оригинален мебел со пролетни бои е совршено решение за сите љубители на модерно и природно во еден ист простор. Затоа, овој март е резервиран за уживање во првите пролетни денови, за реуредување на домот и посета на Саем на мебел 2024.
ПР објава