Промената почнува од самите нас
Светот се менува и во согласност со него, се менуваат и навиките, потребите и очекувањата на потрошувачите. Токму затоа иновациите, примената на науката, дигитализацијата и трансформацијата се неопходни промени за традиционалните индустрии за нивно прилагодување на барањата на современиот пазар. За компаниите кои нема да ја препознаат потребата за промена и кои немаат визија и смелост за многу често радикална сопствена трансформација, промените честопати можат да бидат фатални.
Постојат бројни примери на глобални компании кои исчезнаа токму поради фактот што не успеаа да фатат чекор со новото време. Можеби најдрастичен пример за тоа како да се стигне до дното „преку ноќ“ е Нокиа. Некогашниот лидер во мобилните комуникации не успеа брзо да се адаптираа на пазарот, а платформата Андроид ги „украде срцата“ на корисниците. Типичен пример за недостиг на визија е и одбивањето на Блокбастер да го преземе Нетфликс. Во 2000 година тие не ни можеа да сонуваат дека филмови веќе нема да мора да се позајмуваат од видеотеки. Останаа во минатото, а Нетфликс денес ги живее своите најдобри денови.
Секако постојат и примери на компании кои се неколку чекори пред остатокот од светот. Дали знаевте дека во рестораните на брендот КФЦ во Кина, сметката се плаќа со насмевка? Звучи како информација од иднината, но во голема мера е реалност. Тие сакаа да ги привлечат помладите генерации, и како поинаку отколку со најсовремената софтверска технологија.
Примери за иновации има и кај оние компании од кои тоа најмалку го очекуваме. Иако постоеше уверување дека тутунската индустрија е непроменлива константа и дека додека постои светот ќе има цигари и пушачи, сепак се случува промена. И тоа од водечкиот во тутунската индустрија, гигантот Филип Морис Интернешнл (ПМИ) кој меѓу првите заклучи дека традиционалните цигари „го отслужиле своето“. Основната идеја на ПМИ беше дека светот се менува, се менува начинот на кој комуницираме, начинот на кој патуваме, па и начинот на консумирање тутун. Односно дека пушачите, кои сакаат да продолжат да уживаат во тутунот, имаат потреба тоа да го прават на поинаков начин - користејќи помалку штетни производи, кои немаат чад, пепел и непријатна миризба. И ја започнаа сопствената трансформација, но и трансформација на индустријата која не се менувала над 150 години.
Со нивниот производ IQOS, за кој веруваат дека ќе го смени светот во кој нема да има повеќе чад од тутун, тие направија промени и со тоа стигнаа до листата на најиновативни компании ија добија „BIG Innovation Awards“ за 2020 година. Иако обично нема место за тутунската индустрија, консултантската компанија Business Intelligence Group го призна иновативниот пристап кон деловната трансформација и за прв пат го рангираше Филип Морис меѓу 100-те најиновативни компании. Истовремено, за првпат, Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) го класифицираше електронскиот никотински производ (IQOS) како производ со модифциран ризик. Кој можеше пред неколку години да претпостави дека оваа ригорозна институција ќе дозволи за кој било производ на некоја тутунска компанија да се каже дека го изложува организмот на помала количина на штетни материи? Само визионери кои знаат дека успехот честопати бара оддалечување од минато.
И додека сè повеќе потрошувачи купуваат онлајн, не одат во продавница и плаќаат сметки само со мобилен телефон, шопингот во Америка во продавниците на Amazon Go може на некои да им изгледа како кражба, затоа што работи по принцип - влегуваш, земаш и излегуваш. Во суштина Amazon во овие продавници успеа да искомбинира различни функции на шопинг, скенирање на QR код, интегрирано плаќање и препознавање на лице. И прилично неочекувано, овој потфат ги мотивираше големите трговски ланци во САД, како Волмарт, да се придвижат и да се менуваат. Затоа е тешко да се замисли како следната година ќе изгледа светот на потрошувачите. Но јасно е дека тој ќе се формира во корист на потрошувачите и нивните потреби.