Протест пред судот во Лондон: Луѓето го бранат Асанж


Рочиштето за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во Америка започна во Главниот кривичен суд во Лондон. Сослушувањето треба да трае три или четири недели.

Министерството за правда на САД издаде обвинение против Асанж, обвинувајќи го за сторени 18 кривични дела, вклучувајќи заговор за хакирање на веб-страниците на државните институции и шпионажа.

Минатата година Соединетите Американски држави започнаа процес на екстрадиција на основачот на Викиликс, кој беше префрлен во затворот Белмарш во тој град, откако помина скоро седум години во еквадорската амбасада во Лондон.

Сослушувањето започна во февруари, но беше прекинато поради пандемија на коронавирус.

Граѓаните се собраа пред зградата на судот да го изразат својот протест против екстрадицијата.