Провокативната Нивес за Добра ноќ: Хрватката мами на 100 гревови
Нивес Целзијус воодушеви со фотографија на која позира во сосема природно издание
Хрватската пејачка Нивес Целзијус од почетокот на летото речиси секојдневно ги препотува следбениците со предизвикувачките фотографии кои ги објавува на својот Инстаграм.
По серијата разголени изданија и позирања во бикини, таа ги изненади сите со описот што го остави под новата фотографија.
Нивес и овој пат ги покажа телото, задникот и градите додека ги впиваше сончевите зраци на лежалка, а потоа истакна дека не користела никаков филтер и дека навистина така изгледа.
„И една без филтер. Која ја преферирате, целосно недопрени фотографии или малку разубавени?“, напиша таа, а под објавата се појавија голем број комплименти.
Немаше кој не го коментираше изгледот на пејачката, особено пофалувајќи го фактот што таа се претстави во „вистинско светло
Фото: Инстаграм