„Прв брк, прв самопреглед“: Започнува месецот на машкото здравје заедно со dm дрогерие маркт
Општествено одговорната компанија dm дрогерие маркт и оваа година традиционално се вклучува во глобалната кампања посветена на машкото здравје „Мовембер“ под забавниот и информативен слоган „Прв брк, прв самопреглед“. Овој слоган укажува на важноста на редовните самопрегледи кај мажите. Самопрегледот е едноставен, брз и ефикасен метод, и се препорачува редовно да го прави секој маж над 15-годишна возраст. Карциномот на тестиси првенствено е болест што најчесто се јавува кај младите мажи на возраст помеѓу 18 и 35 години. Редовниот самопреглед на тестисите овозможува рано откривање на овој вид карцином, па dm ги повикува младите мажи да започнат со редовен самопреглед штом им пораснат првите бркови.
Адолесценцијата е време на големи промени за мажите, а една од нив е и првото бричење. Тоа е прв знак за растење и влегување во период со повеќе одговорности, особено кон себе и кон своето здравје. Првото бричење е, исто така, знак дека е време да се започне со самопреглед на тестисите. Но, како да го направите тоа? На веб-страницата на dm може да најдете и упатство за самопреглед.
Редовните лекарски прегледи и редовната контрола може да придонесат за навремено откривање и спречување многу болести, не само кај „помладата“ машка популација, туку и кај оние во поодмината возраст. Со оваа кампања, dm сака да ја развие и да ја подигне свеста кај сите возрасни групи мажи, со цел навремено откривање и превенција на болестите типични за машката популација.
Во текот на ноември, во дрогериите на dm ќе бидат достапни многу погодности, а на социјалните мрежи голем број едукативни содржини поврзани со машкото здравје. Интернационалниот ден на мажите, 19 ноември, dm ќе го одбележи на уникатен начин – со возење на сензационалната велосипедска рута во форма на брк, која ќе биде долга до 100 км. Рутата е достапна на апликацијата „Strava“, а компанијата ги повикува сите подготвени велосипедисти што сакаат да бидат дел од оваа рута што има хуманитарен карактер и едноставна цел: да ја прошири важната порака за итноста и неопходноста на (само)прегледите кај мажите. Стартот ќе биде во 10 часот на „Школка“ во Градскиот парк.
„Како општествено одговорна компанија, со должно внимание и посветеност, веќе неколку години наназад, ја развиваме кампањата за подигнување на свеста за машкото здравје. Важноста на редовните (само)прегледи е во фокусот на нашите активности, а целта ни е да поттикнеме создавање навики за редовни прегледи и самопрегледи кај мажите, кои навистина може да значат живот. Иако dm важи за омилено место на многу дами, секако, сè поголем е бројот на мажи што уживаат во понудата на производи во нашите дрогерии. Овој месец, посебно внимание им посветуваме токму нив, односно на нивното физичко и ментално здравје“, изјавија од Компанијата.
Ноември е месец кога мажите ширум светот се охрабруваат да пуштат бркови за да ја подигнат свеста за здравствените проблеми на мажите, особено за ракот на простата, ракот на тестиси, машкото ментално здравје и превенцијата, како и здравиот начин на живот. Компанијата dm повторно е на една од челните позиции во акцијата за подигнување на свеста за машкото здравје и ги отвора сите табу-теми поврзани со него.
пр објава