Прв пат купувате рачен часовник? Ова е сѐ што треба да знаете
Постојат одредени критериуми во изборот на часовници, а покрај достапноста, ние во никој случај не треба да го занемаруваме квалитетот и дизајнот.
Разновидните и убаво дизајнирани модели на часовници ни даваат можност да го носиме во различни прилики. Ако сакате токму такви карактеристики на часовникот, најпосакувани се оние минималистички модели кои ќе ви бидат најдобриот сојузник за создавање на феноменален стил.
ЧАСОВИЦИ ЗА ФОРМАЛНА ОБЛЕКА
Овие модели на часовници изразуваат минималистички дух. Инспирацијата е модели од 50-тите и 60-тите години и се карактеризираат со јасни линии на дизајнирање, често римски броеви и кожни ремчиња во претежно црна и кафеава боја.
ЦРНИ ЧАСОВНИЦИ
Часовниците кои имаат црна боја, токи и ремчиња се многу елегантни и му даваат уникатен стил на секој маж. Тие многу добро се комбинираат со костуми, како и со обична облека и најчесто се инспирирани од активен човек кој ја сака природата. Тие се изработени од плексиглас и имаат многу детали и кул гаџети.
МОРСКИ СТИЛ
Часовниците за натпреварите по нуркање и оние кои се инспирирани од културата на јахти во последниве години се многу популарни. Имаат многу функции и се идеални за мажи кои се љубители на гаџети. Во дизајнот доминираат сините бои, интересен хронограф и имаат извонредна изведба за нуркање. Особено, тие се добар сопатник на летниот стил на облекување.
СПОРТСКА ЕЛЕГАНЦИЈА
Овој вид часовник е комбинација на модели споменати погоре. Тие исто така припаѓаат на категоријата најпродавани бидејќи обично се прифатливи и лесно се комбинираат со различни стилови на облекување. Може да се најдат со ремчиња од хром, гума и кожа. Во однос на хронографскиот дизајн, овој избор е многу широк и зависи од вашите лични афинитети.