Првата продавница на H&M конечно се отвори во Скопје!
Долгоочекуваната продавница на H&M конечно се отвори во East Gate Mall во Скопје, овој четврток, 18 август во 10 часот. Еден од најголемите светски модни брендови го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе имаат можност да ги купат нивните омилени модни парчиња.
Сите посетители добија до 50 проценти попуст на избраната облека и истата понуда ќе важи до недела, 21 август. Возбудата надвор од продавницата започна на полноќ, кога првите фанови застанаа во редицата. Првите 100 купувачи застанати во редицата добија картички за подарок од H&M, во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 денари за третиот и по 1.000 денари за сите останати.
„Го чекавме овој ден многу долго и воодушевени сме што видовме толку многу љубители на модата на отворањето на нашата прва продавница во Северна Македонија. Задоволство ни е да им посакаме добредојде на нашите клиенти и да им понудиме додадена вредност преку мода и квалитетот по најдобра цена, направена на одржлив начин. Исто така, многу сум горд на нашиот тим кој го овозможи ова и кој ќе обезбеди сите во нашата продавница да имаат најдобро можно шопинг искуство“, вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M.
Два дена претходно, H&M го прослави доаѓањето во Северна Македонија со ВИП настан. Прославата обедини повеќе јавни личности и локални ѕвезди, модни ентузијасти, инфлуенсери и претставници на медиумите, кои имаа можност да уживаат во уникатно искуство во форма на ексклузивен шопинг пред самото отворање.
Новата продавница на H&M во Скопје има површина од 2.300м2 и е дизајнирана согласно најновите трендови, со цел да понуди модерно и гостопримливо шопинг искуство. Нејзината огромна понуда ќе вклучува разновиден избор на облека за мажи, жени, тинејџери, деца и бебиња, како и широка понуда на модни додатоци. Работното време на продавницата ќе биде од 10 до 22 часот во работните денови и во сабота, додека во недела продавницата ќе работи до 20 часот.
ГАЛЕРИЈА: