Првична студија во Израел: Несаканите ефекти по третата доза се слични или помали отколку по втората
Мнозинството од луѓето кои ја примиле третата доза на вакцината Фајзер против ковид-19 во Израел, доживеале несакани ефекти слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажа првичната студија во таа земја.
Пред околу десет дена, Израел започна да нуди вакцинација со трета доза за луѓе постари од 60 години, како дел од напорите да се забави ширењето на многу заразната варијанта делта. Ова го претвори Израел во еден вид тестирање за третата доза, пред да биде одобрен од Американската администрација за храна и лекови (ФДА).
Најголемата израелска здравствена установа, Клалит, вчера објави дека вакцинирала повеќе од 240.000 луѓе со третата доза Фајзер.
Околу 4.500 луѓе кои ја примиле третата доза од 30 јули до 1 август одговориле на прашањата и биле вклучени во студијата.
Повеќе прочитајте на Фактор.мкФото: фреепик