Првиот Балканец кој ја прими руската вакцина против коронавирус се чувствува одлично: Погледнете како тоа изгледаше

Д-р Сергеј Боjeевиќ од Црна Гора  e специјалист по патофизиологија и пулмологија, раководител на Одделот за патологија на Универзитетот Сеченов во Москва и испратил видео снимка до црногорскиот „Вијести“ на која се гледа дека ја прима руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот.

Да потсетиме, д-р Боjeевиќ претходно зборуваше за руската вакцина, бидејќи тестовите беа делумно извршени на неговиот универзитет.

По неколку дена се чувствува добро и нема никакви несакани последици.

Како што вели, има логично објаснување зошто Русија прва дојде до вакцината. 

- Прво, институтот „Гамалеја“ работи на вакцината веќе 40 години. Тие беа првите што произведоа векторска вакцина пред 25 години. Векторска вакцина е онаа што се базира на вирус, и обично е аденовирус кој предизвикува настинка во нашата земја, но спречува можност за развој на вирусот во човечките клетки. Русите први развија векторски вакцини против ебола и МЕРС и кога сфатија дека треба да се направи вакцина против САРС-КоВ-2, тие веќе ја имаа основата на која работеа 25 години. Тие додадоа компоненти на тоа, односно генетски материјал од коронавирусот, односно гликопротеини С. Тоа е како да градиш куќа и да градиш темел и sидови, па после две години само ставиш покрив. Тие ја направија вакцината за две недели, а потоа ги започнаа потребните проверки. Другите вакцини започнаа од 0 и затоа не можеа да пристигнат. Русија веќе беше во предност 70 проценти во февруари, а до крајот на месецот беше подготвена вакцината.

И, дали ќе биде ефикасна?

- Вирусот има неколку механизми со кои влијае на нашето тело. Едната е таа што вакцината ќе ја спречи, но има и други механизми кои вакцината не е во можност да ги спречи засега и таму ќе мора да работиме на антивирусна терапија. Тоа ќе биде втора фаза од борбата.

- Ако порано бевме скептични, треба да сватиме дека овој вирус е поопасен. Исто така, треба да се отфрлат лажните верувања во врска со чиповите, бидејќи такво нешто не може да се направи со вакцина. Тоа е глупост и не верувајте во тоа. Вакцината може да се дава нормално, во неа нема живи вируси што можат да заразат лице, па може само да го заштити. Би ги поканил сите што нормално мислат да ја примат бидејќи сè ќе биде многу полесно - и за општеството и за човекот.

Кој сè уште нема да смее да ја добие?

- Сè уште нема да им го дадеме на децата. За да биде погодна за деца, прво мора да помине тестови на млади животни. Но, децата сигурно не се загрозени. Што се однесува до оние над 65 години, тоа сè уште не е тестирано затоа што сите волонтери биле на возраст меѓу 18 и 60 години. Мислам дека ќе го решиме ова малку подоцна за да не се ризикува животот на луѓето сега - заклучи д-р Сергеј Боjeевиќ во интервју за „Вијести онлајн“.

Избор: Телеграф.рс