Првиот човек во светот на кој успешно му се трансплантирани лице и раце: Претрпел изгореници од трет степен (ВИДЕО)
Лекарите од Здравствената болница Лангдон извршија, прва во светот, успешна трансплантација на лице и две раце на овој ноќниот работник Џо Димео од Њу Џерси, пренесува „Гардијан“.
- Успеавме во огромен потфат што покажува дека можеме да продолжиме да се справуваме со новите предизвици и да го подобруваме полето на трансплантација - рече д-р Едуардо Родригез, кој досега водеше четири операции за трансплантација на лице.
Во јули 2018 година, враќајќи се од ноќната смена, Џо Димео заспал зад воланот и доживеал сообраќајна несреќа во која се здобил со изгореници од трет степен на дури 80 проценти од телото.
Поради експлозијата на возилото, тој поминал повеќе од четири месеци во болница во Њу Џерси во индуцирана кома, по што му биле извршени операции за ампутација на прстите и отстранување на усните и очните капаци. Тие интервенции му го намалиле квалитетот на видот, движењето, но и животот воопшто.
По скоро две реконструктивни операции, Димео чекал 10 месеци да се појави донатор за трансплантација на лице, а два дена подоцна повторно се нашол во операционата сала.
- Ова е подарок што се добива еднаш во животот, а се надевам дека семејството ќе најде утеха во фактот дека дарителот на органи живее преку мене. Јас и моите родители сме многу благодарни што ја добив оваа можност - рече Џо.
Тим од повеќе од 140 здравствени работници беше во трка со времето, за да не се остави донираното ткиво без крв, пресадувајќи ги двете раце на средината на подлактицата. Лицето на Димео, вклучувајќи го и челото, веѓите, ушите, носот, очните капаци, усните, образите, брадата и черепот, биле исто така пресадени.
Фото: Youtube/screenshoot