ПРВИОТ ИТАЛИЈАНСКИ КОРОНАПАЦИЕНТ пуштен од болницата: Беше на респиратор, опишувајќи ја неговата борба како „Најдоброто чувство е да можам да дишам сам“

Пациентот, за кој се верува дека е првиот коронавирус инфициран во Италија, пуштен е од болница во Павија.

Пациент познат како Матија, 38-годишник од градот Кодоњо, провинција Ломбардија, бил хоспитализиран во болницата Лодигијан на 19 февруари. Поради неговата критична состојба и отежнато дишење, тој беше префрлен во болницата Павија на 21 февруари. Дурина 9 март тој почна да дише самостојно.

- Имав среќа,а вие  останете дома, рече тој во видео-пораката објавена на локалниот профил на Фејсбук- Ломбардија Нотизи.

- Тешко е да се каже што се случи со мене, се сеќавам на хоспитализацијата, бев на интензивна нега 18 дена и потоа во одделот за инфективни болести каде што конечно започнав да контактирам со надворешниот свет и што е најважно: започнав да дишам, рече првиот пациент, Матија .

Тој додаде дека е неопходна превенција за да се запре ширењето на инфекцијата. Исто така рече дека имал среќа да се излечи навреме, додека ситуацијата сега е критична бидејќи недостасува персонал за да гарантира помош за сите пациенти со коронавирус.

- Најдоброто искуство е повторно да дишете. Тоа е одлично достигнување, сега ве замолувам да останете дома, рече тој.

Откако препорача луѓето да не ја напуштат куќата и домот и да ја почитуваат неговата приватност, тој заклучи со реченицата:

- Сакам да го заборавам ова трагично искуство и да се вратам во нормала.

За жал, болеста беше погубна за неговиот татко, кој беше еден од починатите во саботата ,21 март, денот кога Италија забележа рекорд во бројот на смртни случаи од коронавирусот.