Првиот пат бев љубоморен, а вториот... Исповед на свингер кој сака да ја дели со други својата ЖЕНА
Свингерските
клубови не се ретки во светот, а има и луѓе кои уживаат во овој тип на секс или
барем се согласуваат на него бидејќи тоа го сакаат нивните партнери. Верн,
автомеханичар во своите 50-ти години, е еден од ретките мажи кои често ги
посетуваат свингерските клубови поради неговата сопруга Мелиса, која сака див
секс со непознати мажи.
Едно од последните лондонски порно кина, Клуб 487, служи и како свингерски клуб за парови кои сакаат „сомнителни“ места. Верн и Мелиса го посетуваат токму тој клуб. Верн ужива додека ја гледа сопругата како има секс со непознати мажи, но не сака да биде дел од „акцијата“.
Мелиса е весела, гласна русокоса која ужива во сексуални искуства со многу мажи во разни лондонски свингерски клубови пред нејзиниот сопруг.
Во порнографското кино Клуб 487 има приватни штандови во кои се сместени парови кои со порно играње во позадина разменуваат партнери. Во случајот со Верн и Мелиса, таа е единствената која активно учествува во „акцијата“. Тој е совршено задоволен кога седи настрана и гледа жена како има секс со повеќе мажи, пренесува Vice.
Верн вели дека на почетокот било тешко, дека по првиот пат бил многу љубоморен. Но, веќе со друго искуство, тој се заљубил во своето ново хоби.
„Другиот беше добар дечко, љубезен, зборуваше со нас. Ни се допадна, беше во ред, беше возбудливо“, изјави Верн. Во текот на 15 години, Мелиса била со многу мажи, признава Верн, додавајќи дека таа е „добра девојка“.
- Добро ни е овде, бидејќи знаеш дека ќе дојдат главно мажи, а Мелиса сака да биде со многу мажи - вели Верн и признава дека нема секс со други жени бидејќи „нема потреба“.
Верн и Мелиса, всушност, го најавуваат своето доаѓање во вакви „диви“ свингерски клубови преку проверени веб-страници, па Мелиса се впушта во секс со мажи кои ѝ одговараат.
Еден од посетителите потоа „се вклучил“ во разговорот, коментирајќи ја Мелиса:
- Бев со неа пред половина час - рекол непознат маж, додека друг му честитал на Верн за „добриот љубовник“
Фото: Youtube - screenshoot