Првиот позлатен хотел на светот: Каков коронавирус, за овде и тој треба да си плати

Станува збор за хотел Голден Лејк во Виетнам, кој е наречен единствен заради навистина специфична причина. Според наводите, оваа 25-катна зграда е покриена со 5.000 метри квадратни позлатена керамика, што го прави првиот позлатен хотел во светот.

Сместен во округот Ба Дин во Ханој, на брегот на езерото Гианг Во, хотелско-станбениот комплекс го создава групата „Хоа Бин“, а според плановите, сè треба да заврши до крајот на оваа година. На хотелот Голден Лејк му е даден прекрасен ентериер кој совршено одговара на во просторот, со парчиња позлатен мебел, 400 луксузни соби, базен на бесконечност на покривот и сето тоа е сместено на примарна локација.

Со хотелот ќе управува американската групација Хотел Виндхам, која ќе се погрижи да им понуди на своите гости навистина услуга од светска класа. 

Цената на метар квадратен во станбениот дел на овој комплекс е 6.500 долари, додека една вечер во хотелскиот дел ќе чини околу 250 долари во најприфатливите единици.