Пулмологот Несторовиќ тврди: Поголеми се шансите да добиете тумор, отколку ковид-19

Пулмологот зборуваше и за новиот вид на коронавирус што се појави во Велика Британија, но и за вакцината на Фајзер

Пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ, говорејќи за епидемијата на коронавирус, како гостин на „ТВ Happy“ во емисијата Кирилица, изјави дека во моментов има поголеми шанси да добиете тумор, отколку корона вирус.

- Луѓето почнуваат да се однесуваат ирационално кога се исплашени. Во моментот, имате поголеми шанси да добиете малигнен тумор, сериозен и да умирете, отколку од ковид-19.

Оваа година, повеќе од 20.000 луѓе ќе умрат од тумори, а околу 3.000 од корона вирус. Да не зборуваме за кардиоваскуларни болести. Кога ќе ги погледнете податоците за смртност во светот, нема големи промени. Во повеќето земји, вкупната смртност е потполно иста како и минатата година - истакна д-р Несторовиќ.

Како пример го наведе истражувањето на американски аналитичар.

- Ми беше интересно ... Еден труд беше објавен и веднаш повлечен од американски институт. Нивниот аналитичар ја анализира смртноста во Америка оваа година. Тоа е интересна приказна - околу 300.000 луѓе починаа од рак и кардиоваскуларни болести, многу помалку од ковид-19..

Се чини дека пациентите кои имале хронични заболувања и добиле ковид-19, и починале, се сметале како да умреле од корона вирус - изјави лекарот.

Тој исто така зборуваше за новиот вид на вирусот ковид-19 што се појави во Велика Британија.

- Сега таа теза, ми се чини, е побиена. Мислам дека во таа приказна се вклучи и политиката, бидејќи Борис Џонсон пред некој ден имаше непријатен разговор со Ангела Меркел. Оттаму, мислам дека наводно се појавил овој вид - објасни Несторовиќ.

Коментирајќи ги вакцините против ковид-19, д-р Несторовиќ изјави дека ќе имаме сериозно производство доколку успееме да произведеме вакцина против коронавирус.

- Јас навистина не ја разбирам вакцината Фајзер, особено што е најскапа. Потоа, целата доза мора да се користи во рок од 12 часа веднаш штом ќе се одмрзне. Треба да се грижиме за нашите работни места, за нашите граѓани ... Не се вакцинираме за да патуваме. Идејата е да се прими вакцината за да бидеме здрави - изјави пулмологот.


Фото:Instagram/printscreen