„Пуштаме БРК, БРКаме здравје“ – повеќе од 50 велосипедисти и голем број граѓани ја возеа големата велосипедска рута во форма на брк!
По повод Меѓународниот ден на мажите, на 19 ноември, во
организација на dm дрогерие маркт, се возеше велосипедската рута во форма на брк
под мотото: „Пуштаме БРК, БРКаме здравје!“, која опфати нескромни 100 км.
Повеќе од 50 спремни велосипедисти, ентузијасти и професионалци го поддржаа овој спортски предизвик со цел подигнување на свеста за важноста на машкото здравје, како и важноста на првиот самопреглед. „Пуштаме БРК, БРКаме здравје“ со себе носеше моќна порака, која допре до многумина што го прифатија овој предизвик, со чиј ангажман и посветеност беше одбележан Меѓународниот ден на мажите и машкото здравје. Со овој настан, компанијата ја круниса кампањата за машкото здравје и го даде својот придонес за подигнување на свеста за превенција и лекување на ракот на тестиси и простата.
Збирното место на хуманитарната рута во должина од 100 км беше Градскиот парк, пред „Школка“, а се возеше низ Скопје и неговата околина во симболична форма на брк. Целата извозена рута може да ја погледнете на апликацијата „Strava“.
„Навистина сме позитивно изненадени од големиот одзив на заинтересирани граѓани што зедоа учество на оваа хуманитарна рута и неизмерно сме им благодарни на сите што решија својот слободен ден да го поминат заедно со нас, со цел постигнување една повисока цел. Среќни сме што со секој свртен педал сме сè поблиску до остварувањето на целта кон која се стремиме како општествено одговорна компанија. Подигнувањето на свеста за машкото здравје бара посебна посветеност и работа, а токму на тоа работиме посветено и се трудиме да го постигнеме со ваквите заложби. Од година во година сведочиме за сèпоголемиот интересза овие теми, а токму тоа претставува поттик за нас да продолжиме да работиме посветено на развојот на свеста за мажите и за нивното физичко и ментално здравје“, изјавија од компанијата.
На следниов линк може да ја погледнете целата рута, а фотографиите кои може да гипогледнете на Facebook страницата на dmќе ви ги пренесат атмосферата и енергијата што владееја дента. Оваа извозена 100-ка во форма на брк е само доказ дека мажите, освен што се грижат за нивните бркови, се грижат и за нивното физичко и ментално здравје.
Пр објава