Путин мириса на „Цар“
Омилениот парфем на Путин никогаш не бил официјално именуван, но изворите од специјалните парфимерии ги нудат своите одговори.
Бергамот, бор и кожа
Ана Аскарова, авторка на порталот за информации за парфемите Aroma.ru, го нарекува омилениот мирис на Путин парфемот Tsar(Цар) од Van Cleef & Arpels, кој излезе на пазарот во 1989 година. Според неа, оваа информација ја потврдуваат и извори кои му го нарачуваат овој парфем на претседателот.
Оваа колонска вода има дрвенест мирис, а врвните ноти се лаванда, бергамот, коријандер, зелени ноти и пелин. Срцевите состојки се состојат од мешавина од крин, каранфил, роза, борови плодови, јасмин и ким. Основата се состои од кокос, мошус, пачули, килибар, сандалово дрво, дабос, кедар, тонка и кожа.
Овој парфем има силен и траен мирис. Чини 315 долари за шиле од 100 мл. Ама интересно е тоа што не може да се најде на пазарот.