Работел како носач на багаж на аеродром, обожавал мачки, бил срамежлив: 10 работи што не сте ги знаеле за Фреди Меркјури (ФОТО+ВИДЕО)
Покојниот Фреди Меркјури беше фронтмен на култниот бенд „Queen“, а група австриски, чешки и шведски научници направија студија во која беше објавено дека тој е најдобриот пејач на сите времиња.
Еве неколку интересни факти за легендарниот Фреди кои можеби не сте ги знаеле.
1.Роден е како Фарок Булсара (Farrokh Bulsara)
Фарок Булсара почнал да се претставува како Фреди додека бил во интернатот за момчиња, Свети Петар во Мумбаи. Тој официјално го промени своето име во Фреди Меркјури околу 1970 година, кога беше формирана групата Квин (Queen).
2. Роден е во Занзибар
Меркур е роден во Стоун Таун, дел од градот Занзибар во денешна Танзанија. Неговото семејство се преселило таму за да може неговиот татко да ја продолжи кариерата во Британската колонијална канцеларија. Тој пораснал помеѓу Занзибар и Индија пред да се пресели во Мидлсекс, Англија, кога бил тинејџер.
Freddie mercury pic.twitter.com/Z4SJxnnDl6
— Alan Mercury Taylor (@jaydenswiz) August 2, 2022
3. Тој и неговото семејство практикувале зороастризам
Меркур и неговото семејство биле Парси и практикувале зороастризам, една од најстарите монотеистички религии во светот. Иако со години не го практикувал, неговиот погреб го извршил зороастриски свештеник.
4. Имаше распон на гласот од четири октави
Кога зборуваше беше во баритонскиот опсег, но поголемиот дел од пеењето беше во тенор. Во 2016 година, тим од научници одлучи да го проучува гласот на Меркур. Меѓу многуте заклучоци до кои дошле е дека гласните жици на Фреди вибрираат побрзо од просечниот човек. Исто така, група австриски, чешки и шведски научници спроведоа истражување, кое беше објавено во „Logopedics Phoniatrics Vocology“, а врз основа на кое Фреди е најдобриот пејач на сите времиња.
5. Тој го дизајнираше грбот на Квин (Queen)
Со диплома за уметност и графички дизајн на колеџот за уметност Илинг, Фреди беше повеќе од само заштитно лице на бендот - тој исто така го брендираше бендот. Грбот што тој го дизајнираше беше составен од хороскопските знаци на бендот - два Лава кои ги претставуваат Џон Дикон и Роџер Тејлор, хороскопскиот знак Ракна Брајан Меј и две самовили кои го претставуваат знакот на Фреди, Девица. Се разбира, буквата Q и круната го претставуваат името на бендот, а фениксот ја штити целата група.
6. Бил многу срамежлив
Иако е познат по својата живост и незауздано однесување на сцената, луѓето кои лично го познавале Меркјури велат дека тој бил многу срамежлив во приватниот живот, што е една од причините поради која ретко давал интервјуа.
- Во реалниот живот, никој не го познаваше Фреди - изјави еднаш Роџер Тејлор.
„Тој беше срамежлив, нежен и љубезен. Никогаш не беше истиот Фреди на сцената“.
7. Откри дека имал СИДА само еден ден пред да почине
Меркјури и неговиот менаџер издадоа соопштение во кое потврдија дека Меркјури имал СИДА, еден ден пред неговата смрт. Неколку години во јавноста се зборувало за лошиот изглед на Фреди и ненадејниот недостаток на турнеи на бендот. Некои луѓе беа многу вознемирени од оваа одложена објава, велејќи дека претходна објава може да предизвикало прилив на огромни суми пари за борба против болеста.
8. Обожавал мачки
Тој сакаше мачки и во еден момент имал 10 мачки. Имал дури и албум и песна (Mr. Bad Guy) кои ги посвети на своите мачки. И ја напиша песната „Далила“ за својата омилена мачка.
9. Еден од неговите белези беше микрофонот без сталка
Во раните фази на бендот, некаде на средината на шоуто, држачот за микрофон на Фреди се преполови. Наместо да го замени, Меркур го искористи како што е. Подоцна продолжил да користи таков држач за микрофон.
10. Работел како носител на багаж на аеродром
Пред да стане еден од најпопуларните пејачи во музичката историја, Меркјури имал нешто помалку гламурозна позиција - управувач со багаж на аеродромот Хитроу. За да го прослават 72-от роденден на Меркјури, неколку ракувачи на багаж на аеродромот Хитроу одвоија време на 5 септември да ги забавуваат патниците со кореографија од почит кон нивниот поранешен колега, пишува nationalgeographic.rs.
Фото: Youtube-screenshoot- Твитер
Видео: Youtube