Работел на брод, бил цимер со Угро, приморан да промовира своја книга во „бутик за алкохол“: Златко Симовски

Стравот дека еден ден спомените од работата на брод и едно убаво искуство ќе избледат, 37 годишниот битолчанец Златко Симовски реши да ги преточи на хартија, и така ја создаде книгата „Дневникот на Еден Морепловец“. 

Книгата неодамна ја имаше и првата промоција, но наместо во книжара меѓу книгите, Златко беше приморан првото дело да ѝ го претстави на јавноста и публиката од „бутик за алкохол“ .

„Разочараност од односот на сопственикот на книжарата секако дека имаше, но, по старото „секое лошо за арно“ правило, со огромна помош од вас медиумите оваа необична промоција ја исполнува својата цел.

Мојата порака до читателите, продавачите на книги и издавачките куќи гласи: Поддржете ги македонските автори. Нивните книги можеби не се напишани на изолирани плажи и во планински куќарки, и зад нив не стои огромна маркетиншка машинерија, но произлегуваат од вистината и животот“ , ни раскажа нашиот соговорник.

Златко има интересно работно искуство од брод кој исто така ни го сподели во редовите подолу.

„Токму таму, каде што може да се сретнат многу познати јавни личности, младиот битолчанец го сретнал и раперот и продуцент Никола Угриновски- Угро.

Угро работеше како радиодифузен оператор, и со него заедно бевме на бродоградилиште во Франција, на нов брод кој своето прво крстарење требаше да го има во исто време кога се случи короната. Кога стана јасно дека тоа с***е не е облак кој ќе помине, компанијата нѐ испрати дома заедно со уште 15-тина Македонци кои работеа на истиот брод. Со Угро бевме цимери за време на двонеделниот карантин во хотел во Скопје“ -ни откри Симовски.

А вие повеќе детали прочитајте подолу.

ЖМ: Златко, најпрво претставете им се читателите на Женски магазин ...

-Јас сум Златко Симовски од Битола и имам 37 години. Од образование, имам дипломирано на биотехничкиот факултет во Битола (отсек Преработка на анимални производи).

ЖМ: Автор сте на книгата „Дневникот на Еден Морепловец“ (издадена под псевдоним Теодор Кузман) и истата кажавте дека сте ја напишале за време на вашиот прв 8-месечен работен договор на брод. Како дојдовте на идејата за книгата, и името на истата?

„Дневникот на Еден Морепловец“ е збир на белешки пишувани на дневна основа и ги содржи сите интересни настани и чувства доживеани за време на тие први 8 месеци поминати на брод. Идејата тоа искуство да се стави на хартија произлезе од реалниот страв дека тие спомени еден ден ќе избледат. Што се однесува до името, тоа е некако најблиску до мојата оригинална замисла која требаше да содржи „брод за крстарење“. Се работеше за премногу долг и не баш звучен наслов.

Целото интервју на ЖЕНСКИ МАГАЗИН