Работилница за редизајн на ранец со Лидија Георгиева за време на Skopje Design Week 2024

Во очекување на претстојниот Skopje Design Week 2024, на 19 октомври (сабота), од 11 до 16 часот, во просториите на Public Room во Скопје ќе се одржи работилница за редизајн на ранец.

Во настанот, кој се реализира во соработка со „Литература.мк“, може да учествуваат сите млади креативци и талентирани дизајнери. Под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на SDW „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент… Во рамките на работилницата дополнително ќе се работи и на редизајн на маица. 

Редизајнираните ранци и маици ќе бидат изложени во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ за време на ова издание на Skopje Design Week, од 6 до 10 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер. 

Сите заинтересирани креативци може да пратат свои податоци (име и презиме, контакт-телефон и е-адреса) и кратко портфолио на axi@literatura.mk  со назнака - Работилница за редизајн на ранец на Skopje Design Week. Повикот ќе биде отворен до 10 октомври 2024.
Настанот е со ограничен број од 20 учесници, а избраните кандидати ќе бидат известени на нивната е-пошта. 


ПР објава