Спорт // Спорт
Работнички ќе има нов тренер, Марковски поднесе оставка по поразот од Шкупи со 5-0
Кратко траеше престојот на Љупчо Марковски во Работнички, по поразот од Шкупи, тој поднесе оставка.
Работнички официјално ја потврди разделбата, на Куп средбата в среда, на клупата ќе биде Стојан Игњатов.
„Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. По вчерашниот убедлив пораз (5-0) од Шкупи, тој заминува од функцијата. Марковски поднесе оставка од морални причини. На куп-натпреварот што претстои в среда против БВК Коњари тимот ќе го води досегашниот прв асистент Стојан Игњатов“ – се вели во соопштението на ФК Работнички.