Спорт // Спорт
Работнички се засили во одбраната и нападот, двајца нови играчи во тмот на Калц
Работнички потпиша договор со фудбалерот за врска Иво Јанакиевски. Тој доаѓа од ФК Скопје и ќе го засили тимот на Љупчо Марковски во претстојната сезона. Треба да претставува одлична аквизиција за офанзивниот дел од составот.
Јанакиевски имаше одлична сезона во дресот на ФК Скопје, а претходно во кариерата има настапувано и за Македонија ЃП, Борец, Љубанци, Тиквеш, Металург, Тетекс, Силекс и за Скопје.
Иво Јанакиевски од самиот старт се приклучи на подготовките на Работнички.
Покрај него, нов играч на Работнички е Филип Бошковски. Тој доаѓа од Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот на Љупчо Марковски.
Бошковски е десен бек, по потреба може да одговори и на левата странична позиција. Тој има 21 година и досегашниот тек од кариерата го мина во редовите на Пелистер.