Раце во огин: Како Манасков распалува скара?
Иако спортот на глобално ниво полека почна да се враќа во формата на која сме навикнати, многу нешта поради коронавирусот се изменети. Рестрикции во поглед на заштита постојат во секоја спортска дисциплина и веројатно ваквото темпо ќе потрае.
Како и да е, повеќето наши репрезентативци се ставени во “колосек” и започнуваат со припреми па и натпревари. Истото важи и за интернационалните македонски играчи. Еден од нив е и ракометарот Дејан Манасков кој игра за унгарскиот Веспрем.
Тој едвај дочека да започне со вежвање, а оваа фотографија која ја стави на Инстаграм најдобро говори за тоа како и текстот во кој вели дека среќен е што се вратил.
Ама во меѓувреме, Манасков се “релаксира” распалувајќи скара.
А што приготвил или му приготвиле, можете да видите од фотограгијата.
Изгледа како нешто традиционално, па дури и се приготвува во таков традиционален сад.
Фото: Инстаграм