Рак на мозокот: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате
Добра вест е што од рак на мозок заболуваат 1% помалку од популацијата. Додека пак лоша вест е што има многу малку симптоми за оваа болест.
Нови главоболки
Дури и на докторите може да им биде тешко да разликуваат обична главоболка од онаа која е симптом за тумор на мозокот.
„Најдобар показател е долготрајната главоболка“ вели доокторот Мајк Чен.
„Овие главоболки се јавуваат кога ќе се разбудите наутро. И кога траат еден час откако сте будни.
Не постои посебен вид на главоболка кој покажува дека имате тумор. Внимавајте на новите главоболки кои ги имате,а кои не поминуваат со лекови.
Намалување на видот
Пациентите кои го имаат овој симптом не се свесни за тоа, ниту пак имаат претстава дека е поврзан со тумор.Тие дури не забележуваат промена во видот.
Малаксаност
Ако имате тумор на мозокот, можеби нема да почувствувате болка во екстремитетите, но левата или десната рака или нога можеби нема да реагира на вашите наредби или нема да може да ги употребувате. Но, не се плашете, слабите нозе може да бидат знак дека ви недостига витаминот Д.
Тешкотии при зборувањето
Уште еден симптом за рак на мозкот може да биде нејасното зборување или голтањето на одредени зборови.
Лошо расположение
„Пациентите кои имаат тумор на мозкот, може да бидат во депресија, бес или анксиозност“, вели неврохирург на Универзитет во Калифорнија.
Пациентите може да имаат промени во однесувањето, вклучувајќи често лутење или бес.
Губење на слух
Ако туморот се наоѓа на дебелиот мозок кој е одговорен за нашата способност да ги слушнеме звуците, тогаш ќе имаме проблеми.
Неплодност
Туморот кои влијае на хипофизата може да лачи голема количина на хормони или влијае на нормално функционирање.
Поради тоа жените може да имат проблеми со млеко по породувањето или пак да не можат да останат бремени.
Губење на рамнотежа
Ако почнете потешко да одите, чувствувате дека ќе паднете, тоа може да биде симптом на тумор во мозокот одговорен за рамнотежа и кординација.