Спорт // Спорт
Ракометарите отпатуваа за Турција, селекторот Лазаров смета дека ова е најважниот квалификациски меч
Машката ракометна репрезентација на Македонија утре се среќава со Турција, втора средба во ЕХФ неделата, квалификациска за ЕУРО 2024.
Македонија е фаворит на овој дуел кој се игра во градот Ван, а нашиот национален тим преку Истанбул отпатува кон овој град.
За селекторот Кирил Лазаров ова е најважниот меч во квалификациите.
„Мислам дека овој меч е најважниот во овие квалификации. Таму е жежок терен, Турците се поквалитетна селекција, но веруваме во овие момци. Чест и задоволство ми е да водам една ваква талентирана селекција“, истакна селекторот Лазаров.
В недела од 16:00 часот Македонија бара нова победа во квалификациите.