Спорт // Спорт
Ралф Рангник нов селектор на Австрија, но не го напушта Јунајтед
Германецот Ралф Рангник е нов селектор на австриската фудбалска репрезентација, тој ќе работи и понатаму во Манчестер Јунајтед.
Рангник, со Австрија ќе дебитира во Лигата на Нации, противници се Хрватска, Данска и Франција.
Германецот кој има 63 години, потпиша двегодишен договор со Австрија, доколку обезбеди пласман на за Европското првенство во 2024 година, ќе продолжи соработката и во следните две години.
Рангник нема да го напушти Јунајтед, тој остане како консултант во клубот од Манчестер.