Ранко Бубамара (не) го возврати ударот на Тони Михајловски: „Нема потреба најсветлата точка во Македонија да се сквернави“
Отакако како бомба одекна веста дека актерот, Тони Михаловски, како што вели, бил креатор на „Златна бубамара на популарноста“ и дека Ранко е крадец на авторски дела, јавноста беше во шок.
– Седевме дома кај Игор Џамбазов, бевме јас, тој, Искра и Ранко, за којшто имам снимено преку 400-500 реклами во тоа време и му ја раскажав идејата. И му се допадна. Одлична е идејата, рече Ранко, ќе ја крстиме Златна бубамара на популарноста. Ранко е лопов, 30 години се кити со туѓи перја. Ако сака нека ме тужи, а јас можам да го опонирам“, изјави Михајловски своевремено.
Мислењата на јавноста за оваа изјава беа поделени. Додека едни го подржуваа актерот, други велеа што чекал 30 години за да го изјави ова, и зашто баш сега. Но ретко кој се сети дека постои и друга страна на приказната.
Затоа се обидевме истата да ја дознаеме од Ранко Петровиќ познат како Ранко Бубамара, за кој до сега никој никогаш не изјавил нешто слично. Но, тој не сакаше да зборува, па објасни дека сега не е време за да го, народно речено, да го возврати ударот, бидејќи не „удара под појас“.
- Не би сакал да ја сквернавам најсветлата точка во Македонија во моментов. Не сакам да зборувам сега, не е време од одредени, многу очигледни причини. Но еден ден, тоа сигурно ќе се случи, изјави Ранко.
Од она што можевме да го заклучиме „меѓу редови“ е дека Ранко не сака да ја искористи ситуацијата во која сега се наоѓа Тони, и сите неубави работи кои му се случија изминаиот подолг период. Но кога прв пат ќе го види „застанат на нозе“, и тоа како ќе ја каже цела вистина.
Како и да е, само „Бубамара на популарноста„ да трае, затоа што навистина, таа во моментот е единствената светла точка во Македонија, која ги сплотува сите познати личности на едно место, а на публиката и овозможува, барем еднаш во годината 4 часа пред екраните добро да се насмее.