Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Штедењето во банка има повеќе предности, како што се заштита на парите од кражба и можност за добивање на камата, која постепено ги зголемува заштедите. И ако порано кaматните стапки во банките биле ниски, денес тоа не е така, па така на пример во УНИБанка имате можност да искористите растечка каматна стапка дури до 5%. Звучи примамливо ќе се согласите!  Тоа го овозможува т.н. Умна депозитна сметка, со која можете да ја прилагодите заштедата на Вашите потреби и можности, а минималниот износ на депозитот е само 15.000 денари.

Откако ќе го отворите депозитот, можете да правите слободна уплата и исплата на средства од сметката во секое време, како и да го следите растот на депозитот преку електронско и мобилно банкарство.  Парите вложени во УНИБанка се сигурни, осигурани се во Фондот за осигурување на депозити, а тие овде всушност може и да “работат” за Вас и да ви овозможат максимален финансискиот раст.

Без разлика дали се штеди за одмор, образование или непредвидени трошоци, важно е да се започне на време, или колку порано почне да се штеди, толку повеќе време и можности за зголемување на заштедата имате. Важна е континуираноста и конзистентноста во процесот на штедење и тоа да е дел од месечната рутина. А факт е дека дури и малите износи можат да направат голема разлика со текот на времето.

Со одговорно штедење може да се осигура иднината и да се оствари целокупниот финансиски потенцијал на еден човек кој заработува. Штедењето е многу повеќе од едноставно собирање на пари – тоа е обезбедување на стабилност и можност за справување со непредвидени ситуации во животот. Штедењето овозможува мир и финансиска слобода.

„Заштедените пари се заработени пари“,  како што вели познатата кинеска изрека- “Богатиот прави планови за утре, а сиромавиот за денес”. Направете ги Вашите идни планови заедно со УНИБанка.

ПР објава