Стил // Совети
Различностите нè зближуваат уште повеќе правејќи ја играта разновидна и интересна: „Светот на Колорес“ дел од иницијативата за подигнување на свесноста за лицата со атипичен развој
- 26 Септември, 2022
На 25-ти септември, во Градски парк се одржа настанот „Играме заедно“, кој е дел од иницијативата за подигнување на свесноста за лицата со атипичен развој, за нивно почитување, прифаќање и инклузија во општеството.
Дечињата од приватните градинки „Светот на Колорес“ земаа активно учество на овој настан и пратија голема порака до сите другарчиња:
„Ние сме различни, но и слични затоа што различностите не само што не нè спречуваат да се дружиме, туку напротив, нè зближуваат уште повеќе правејќи ја играта разновидна и интересна.“
Браво за овие умни главчиња!