Разлика помеѓу парфем, толетна и колонска вода: Сепак- не е исто!
Огромен број мажи не ја знаат разликата помеѓу овие производи ...
Сигурни сме дека сте виделе натписи како „Eau de Toilete“, „Eau de Cologne“ или „Eau de Perfume“ на одредени мириси, но дали ја знаете разликата помеѓу нив и што всушност претставуваат овие натписи? Многумина мислат дека парфемите се мириси само за излегување, додека колонските води се нешто што ние го користиме после бричење и дека тоалетните води се нешто сосема трето. Сепак, постои само една разлика помеѓу овие мириси, и се рефлектира во концентрацијата на миризливо масло во алкохол и вода.
Различни типови мириси, како парфеми, колонски и тоалетни води, всушност укажуваат на времетраењето на самите парфеми и концентрацијата на раствореното мирисно масло во алкохол и вода.
Eau Fraiche - Ова е нај разредениот мирис со ароматични ароми што трае околу еден час, по што мирисите испаруваат и згаснуваат.
Eau de Cologne - таканаречената колонска вода има времетраење од 2 часа и содржи 2 до 4% од маслото растворено во алкохол и вода.
Тоалетна вода - тоалетна вода има малку повисок процент на масло во вода и лесен алкохол (5 до 15%) и обично се прска и трае околу 3 часа.
Eau de Parfum - Парфемската вода содржи 15 до 20% мирисно масло растворено во алкохол и вода и ви овозможува да мирисате 5 до 8 часа.
Парфем - Ова е етикета за вистински парфем кој содржи од 20 до 30% растворено масло и миризливи ноти на парфем кои траат до 24 часа.