Разлики меѓу делта сојот и обичниот коронавирус: Делта е поотпорен и на високи температури
Фото: Freepik
По појавата на делта варијантата во регионот, експертите од областа на епидемиологијата и вирусологијата веќе ги анализираат сите разлики меѓу двојниот мутант и првичната варијанта на корона вирусот. Појаснуваат дека на удар се повеќе младите луѓе кои од разни причини не се вакцинирани, а пред се во голем дел од земјите, поради недостаток на вакцини, се уштре не дошле на ред да се заштитат со одредена вакцина.
Српскиот вирусолог, д-р Тања Јовановиќ, како гостин во дневникот на РТС, изјави променетата делта варијантата на вирусот е позаразна, полесно се шири, а ги напаѓа и помладите луѓе, и дава клиничка слика што е малку променета во споредба со претходни соеви.
- Вирусот се менува и она што е специфично е тоа што е поотпорен на повисоки температури во споредба со другите варијанти. Обично се јавува кај помлади луѓе и дава слика на многу силна настинка, можеби нема симптоми на губење на мирис и вкус, но може да доведе до тешка форма за која е потребна хоспитализација - рече Јовановиќ, нагласувајќи дека симптомите вклучуваат кивање, болно грло, главоболка. Повеќе информации за оваа тема прочитајте на Фактор.мк