Реал Мадрид петти пат го освои Суперкупот, Касемиро ги велича Модриќ и Крос

Реал Мадрид по петти пат во клупската историја го освои Суперкупот на Европа, славеше победа против Ајнтрах со головите на Алаба и Бензема.

Иако не постигна гол, а беше асистент при првиот, Касемиро е прогласен за играч на натпреварот, изјави дека било задоволство да се игра покрај Крос и Модриќ.

„Лесно се игра кога ги имате во тимот Крос и Модриќ, тие се најверојатно најдобрите играчи за врска во светот. Одлично се познаваме, и со поглед знаеме којшто ќе направи. Се надевам дека уште долго ќе играме заедно“, изјави Касемиро.