Речиси никој не знае за скриената функција на рачката над вратата во автомобилот: Многу возачи се изненадија
Повеќето возачи ја користат рачката над вратата во автомобилот за да ја закачат облеката или да за да се придржат во свиоци, но малкумина знаат дека има и скриена функција што може да ја олесни употребата. Овој скриен детал го откри корисник на TikTok, предизвикувајќи воодушевување и изненадување кај гледачите.
Стандардната рачка над прозорецот е дизајнирана да се врати во првобитната положба кога не е оптеретена. Сепак, повеќето такви рачки имаат и мал капак кој кога ќе се стави во „заклучена“ положба овозможува рачката да остане спуштена дури и кога ништо не виси од неа. Оваа опција го олеснува обесувањето на работите, што многу возачи не го знаеле.
@sanne_vberkel I was today years old #fyp #fy #car #didntknow
Видеото во кое корисникот на TikTok ја демонстрира оваа скриена карактеристика е прегледано повеќе од седум милиони пати, а реакциите на корисниците главно беа полни со изненадување. Во видеото го поставува прашањето „Дали знаевте за ова и ги охрабрува гледачите да ги откријат сите скриени можности на нивните автомобили“.
Оваа едноставна, но корисна функција на рачката е само еден пример за тоа како малите дизајнерски додатоци можат да го подобрат искуството при користење на возилото, потсетувајќи нè дека секојдневните предмети понекогаш кријат неочекувани функционалности.