Регулација на холестерол триглицериди со природни лекарства – црвен ориз и артичока
Современиот начин на живеење покрај сите предности и удобности кои ни ги нуди од секој аспект, сепак има и свои недостатоци. Две од нив посебно се истакнуваат и го погодуваат речиси секој човек на денешницата. Тоа се стресот и лошиот начин на исхрана, за кои и покрај тоа што постојат решенија, сепак тешко се справуваме и тие на крајот го земаат својот данок. Последиците нормално ги чувствуваме по нашето здравје, особено по нарушувањата на кардиоваскуларниот систем, кои иако отсекогаш биле најчеста причина за смртност, сега се јавуваат во се помлада возраст т.е возрасната граница е значително намалена. Секако тука има и други ризик фактори како пушењето, слабата физичка активност, дијабетесот итн.
Обично, се започнува од нарушениот метаболизам на мастите во организмот односно од нивното неправилно искористување и разградување. Црниот дроб, т.е ензимите и жолчните соли кои ги создава се одговорни за регулација на нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта. Ако тука не функционира се како што треба, првиот проблем кој се јавува е атеросклерозата. Aтеросклероза претставува болест која ги зафаќа големите и средните артерии во телото и се карактеризира со дисфункција на ендотелот на артеријата, воспаление на артеријата, таложење на липиди, холестерол и калциум во интимата на крвниот сад. Ова таложење предизвикува формирање наплака, акутна/хронична опструкција (запушување), нарушувања во течењето на крвта, а со тоа и нарушено снабдување сокислородна органите во телото. Со растот на плаката се случува стеснување на крвниот сад и нарушено снабдување на органите кои се снабдуваат со кислород преку засегнатиот крвен сад. Така на ниво на срцеви артерии и нивно запушување се случувасрцев инфаркт (изумирање на одредена зона на ткиво заради наполно отсуство на кислород), на ниво на мозок се случувамозочен удар, на ниво на бел дроб се случувабелодробен инфарктитн, се во зависност од засегнатиот крвен сад со атеросклеротичната промена.
Иако, денес со развојот на медицината и фармацевтската индустрија постојат бројни лекарства за регулирање на синтезата на холестеролот во црниот дроб и метаболизмот на триглицеридите во дигестивниот систем со што се засилува превенцијата од појава пред се на миокарден инфаркт, истите препарати имаат и несакани ефекти и терапијата со нив е најчесто доживотна. Во потрага сме по природни, но не помалку ефикасни решенија кои ги има во хранливите намирници,па наше е правилно и максимално да ги искористиме. Би сакале да ја истакнеме улогата на црвениот ориз и артичоката кои во својот состав содржат одредени супстанции со кои подеднакво ефикасно може да се регулира нивото на холестеролот и триглицерите исто како со хемиските препарати. Црвениот оризизобилува со активни состојки монаколиникои се сметаат за природни статини. Од сите монаколини најактивен е Мonakolin K, кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб. Меѓутоа тој го зголемува и одговорот на LDL-cрецепторите во црниот дроб и екстрахепаталните ткива со што се постигнува намалување на концентрацијата на холестерол и во плазмата. Доза од 10 мг Монаколин К во текот на два до три месеци дневно е доволна за снижување и за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта.
Артичоката пак, ја поттикнува работата на црниот дроб, односно лачењето на жолчка која ги преработува мастите кои ги внесуваме со исхраната. Таа го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го намалува нивото на лошиот LDL холестерол, а го зголемува „добриот“ HDL холестерол. Ова е резултат на нејзиното холеретично делување односно преку зголемено лачење на жолчка, поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини. За разлика од статините артичоката не ја намалува синтезата на холестерол туку само ја зголемува неговата разградба. На овој начин организмот се справува со вишокот на холестерол, а се намалува и нивото на триглицеридите.
Д- р Митко Дагалев
ПЗУ Д-Р МИТКО ДАГАЛЕВ - ОРДИНАЦИЈА ПО ОПШТА МЕДИЦИНА
* ПР - објавафото: freepik.com