Ренова нема да настапи во новата сезона на ПМФЛ, спонзорот од странство се откажа од финансирање

Новата  сезона во ПМФЛ, можно е да стартува со 11 екипи, виси настапот на Ренова, поради тоа што клубот  не успеа да го обезбеди спонзорот од странство.

Ренова засега нема спонзор,  тимот според последните информации нема да игра во 31-та сезона во елитното фудбалско натпреварување на Македонија.

Клубот  Ренова беше шампион во сезоната 2009/10, додека во 2013 година се освои и Купот на Македонија.

Новата сезона во ПМФЛ ќе стартува на 6 и 7 август со мечевите од првото коло.