Спорт // Спорт
Репрезентативецот на Бугарија Крстев: Ние не сме тим кој треба да се плаши од Македонија
Македонија и гостува на Бугарија, средба од новата сезона на Лигата на Нации, а играчот на Васил Левски, Филип Крастев со изјава во која смета дека неговиот национален тим, не треба да се плаши од противници како Македонија и Грузија.
„Мислам дека имаме сила за претстојните репрезентативни натпревари, ние не сме репрезентација која треба да се плаши од селекциите на такви земји како Македонија и Грузија. Во последните години не ни одеше најдобро, но сега се надевам дека оваа состојба ќе се смени и ќе ја вратиме славата на Бугарија која ја заслужуваме, -порача 20-сет годишниот Крастев.
Македонија и Бугарија се среќаваат во Разград на 2 јуни.