Реши да се ожени со својата девојка Марго, но има еден проблем
Актерот и бодибилдер Јури Толоко и го постави најважното прашање на својата девојка Марго. Беше прилично традиционалнозапросување, бидејќи тој се појави со рози, се симна на едното колено пред Марго за време на романтична вечера додека нивниот саксофон свиреше серенада.
Марго е секс кукла со природна големина и ја сподели среќната вест со своите 63 000 следбеници на Инстаграм, пренесува Mens Health. Постот беше проследен и со текст напишан од Јури кој ги одржува нејзините социјални мрежи. Тој опиша како треба да изгледа идеалната врска помеѓу жената и мажот.
"Жено! Ако го читатш ова сега. Оди кај твојот маж, однеси му ладно пиво и како што полека го пие, дајте му такво задоволство што ќе му го надомести сето она што го пропатил со жените пред тебе ... Изгреби му го грбот, пофали му ја мајката, кажи му дека има голем ... Мозок и чест “, напиша тој.
Пред свршувачката, Јури и платил на Марго естетска операција за да отстрани дефект што предизвикувал таа „да се чувствува несигурно“.
"Таа започна да го развива комплексот. Кога ја објавив нејзината фотографија на светот, имаше неколку критики кои ја натераа да се чувствува искомплексирано, па решивме да имаме операција. Таа се смени многу. На почетокот ми беше тешко да го прифатам тоа, но се навикнав на тоа подоцна. “, Рече Јури.
Толочко и Марго се заедно веќе осум месеци откако Јури ја спаси од дечко од бар кој немаше добри намери. Иако оваа вест е изненадувачка и остава без зборови, мора да кажеме дека тие не се единствените. Во последно време, се поголем е бројот на мажи кои тврдат дека се во емотивни односи со нивните секс играчки. Љубов е тоа. Веројатно...