Респираторни инфекции - ублажување и отстранување на симптоми и терапија
Респираторните инфекции се делат според повеќе критериуми: место на инфекцијата, причинител, времетраење на болеста и компликации. Во зависност од времетраењето, инфекциите на респираторниот систем може да се поделат на акутни инфекции, повторувачки (чести) акутни инфекции и хронични инфекции кои траат повеќе од 3 месеци. Според местото на инфекцијата постојат инфекции на горните и инфекции на долните респираторни патишта. Многу почести се инфекциите на горните дишни патишта (настинка, воспаление на синуси, уво и грло). Овие инфекции генерално не се сериозни, но ако често се повторуваат и се долготрајни, може да го нарушат квалитетот на животот. Воспаленијата на долните дишни патишта (душник, бронхии и бели дробови) опфаќаат само 5% од сите инфекции на респираторниот систем. Инаку во 90% од сите случаи на респираторни инфекции причинители се вирусите . Тие вообичаено се манифестираат како настинки, но се комплицираат и предизвикуваат воспаление на слузницата на бронхиите. Бактериите како примарни причинители на инфекција се јавуваат во само 5-10% од случаите и најчести се инфекциите со стрептококи, Haemophilusinfluenza,Mycoplasmapneumoniae, Chlamidiapneumoniaeи др. кои што од горните дишни патишта се спуштаат према бронхијалното стебло. Поретко причина можат да бидат и алергиски реакции .
Симптомите по кои се препознаваат се:покачена телесна температура, треска, раздразливост, главоболка, слабост, поспаност, болка во мускулите и зглобовите, губење на апетит. Подрастични промени кои настануваат се зголеменасекреција и едем во бронхиите,а понекогаш ибронхоспазам.Како резултат на тоа како основен знак се јавува кашлицата. Во почетокот е сува и непродуктивна, а подоцна станува продуктивна, со искашлување на мукоидна,слузеста содржина. Бидејќи истата значајно го отежнува процесот на респирација и може да доведе до опструкција, неопходно е да се третира и да се отстрани како симптом. Како најефикасен метод за тоа, се препорачува инахалција на хипертоничен р-р на NaCl во комбинација со муколтички средства.За ублажување на останатите симтоми тука се антипиретиците и аналгетиците и се разбира антибиотската терапија доколку е потребна и препишана само од лекар. Честите, но благи вирусни инфекции (како што се обична настинка, ринитис) не бараат лекарски преглед и поминуваат за 5 до 7 дена. Но,за разлика од возрасните, кај децата повеќето вирусни инфекции се проследени со покачена телесна температура. Се препорачува избегнување на ризик факторите за појава на респираторни инфекции како што е изложување на респираторната слузокожа на хронични иританси, пред се чадот од цигари или загадениот воздух. Правилното и навремено третирање на акутните инфекции е битно за да нема повторувачки епизоди кои би преминале во хроничен случај.Но, можеби најважно од се е зајакнувањето на одбраната на телото со внесување на здрава храна,доволно течности и баланс меѓу физичката активност и одморот на организмот.
Мр.Фарм.Александра Стрезоска
Пр објава