Ретро: Какви биле македонските познати личности на своите свадби

Ретро фотографиите од нашите јавни личности се секогаш интересни за јавноста. Особено оние свадбените. Во нашата свадбена галерија, избравме интересни моменти од свадбите на познати пејачи во последниве десетина и повеќе години.

Калиопи Букле и Васил Зафирчев

Оваа свадба која се одржа во 2004 година беше една голема забава на која запеа целата домашна естрада. Калиопи и Васил се венчаа во црвката Света Петка. Црковен кум им беше актерот Дејан Лилиќ, а сведок во матично, кралицата на ромската песна, Есма. Калиопи и Васил се разделија во 2011 година.

Јован Јованов и Николина 

Во јули, во 2011 година, композиторот Јован Јованов се ожени со својата девојка Николиа од Нови Сад. И оваа свадба почна на оригинален начин. Младенците, заедно со дел од гостите изиграа точка од филмот „Валкан танц“ со Патрик Свејзи и со Џенифер Греј. 

Ѓоко Танески и Розе

Поп-пејачот и неговата сопруга Розе, по долга врска се венчаа летото во 2007 година во нивниот Охрид. Ѓоко и Розе, во ресторанот Острово во комплексот Свети Наум прво организираа ручек за повозрасните гости, а потоа забава за помладите која траеше до рано наутро. Младенците во ресторанот пристигнаа со чамец од изворите на Дрим.

Ламбе Алабаковски и Магдалена

Летото во 2013 година,  пејачот Ламбе се ожени со својата љубов Магдалена, битолчанка која долги години живеше во САД. Свадбата се одржа во Битола, а црковната венчавка во манастирот Свети Јован Бигорски. Забавата започна со песната „Магдалена“ од Оливер Драгојевиќ. Ламбе и Магдалена сега живеат во Америка.

Мартин Вучиќ и Сања

Музичарот Мартин Вучиќ во јуни 2018 година се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања. Свадбата се одржа во познат скопски ресторан со многу гости, главно музичари, пријатели на Мартин.

Стефан Богоев и Ивана

Откако во јуни 2018 година направи црковна вечавка со неговата избраничка Ивана Анѓеловска пред најблиските роднини и пријатели во црквата Св. Пантелејмон, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, во септември 2018 година направи свадба на која присуствуваа бројни јавни личности.

Јоце Панов и Марина

Пејачот Јоце Панов се ожени со Марина Нацевска, со која беше десет години во врска. По свадбената прослава во 2018 година за чија атмосфера се погрижи Благоја Грујовски, двојката замина на меден месец. Младиот брачен пар го одбра Миконос како дестинација за одмор.

Симона Поповска и Крис

И таа се омажи во 2018 година за својот долгогодишен дечко, бизнисменот Крис Поповски. Поп- пејачката Симона Поповска имаше раскошна венчаница.

Каролина Гочева и Михаил Корубин

Свадбата на деценијата како што милуваат да кажат многумина, се случи пред три години кога стапија во брак поп дивата Каролина и уметрникот Михаил Корубин. 

Се венчаа на 23 септември, 2017 година во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец. Нивната свадба беше проследена од будното око на јавноста иако беше од затворен тип.