Спорт // Спорт
РФМ донесе одлука за инцидентите на дербито Вардар -Еурофарм Пелистер
Дисциплинската комисија на Ракометна Федерација на Македонија ги објави одлуките и ги изрече казните по дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
Вардар и Еурфарм Пелистер се казнети со по 150.000 денари, а црвено-црните се казнети со два натпревари без присуство на публика, што значи дека без поддршка од публиката ќе бидат на средбите против Охрид и Еурофарм Пелистер 2.