РФМ објави, започнува продaжбата на билетите за спектаклот на 3 јануари

Ракометната Федерација на Македонија, со особена чест и задоволство го најавува мечот на деценијата, во чии рамки спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци на ревијален, пријателски натпревар, кој ќе се одигра на 3 јануари 2023 година со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и истиот ќе биде од хуманитарен карактер.

Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните.

Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која учество потврдија македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.

Билетите, во ограничен број, се во продажба од денес, 19 декември 2022 година преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари. Приходите од продажбата на билетите, ќе бидат донирани на „СОС Детско село“ од Скопје.

Билетите може да се набават онлајн на следниов линк, како и на продажните места на МК Тикетс на листата подолу:

Хуманитарен Ракометен Музички Настан – MKTickets : MKTickets

СКОПЈЕ – ЛИТЕРАТУРА:

  • Рамстор Мол
  • Ист Гејт Мол
  • Скопје Сити Мол
  • ТЦ Буњаковец
  • Веро Џамбо
  • ГТЦ Приземје
  • Улица Македонија

БИТОЛА:

  • TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак
  • ЛИТЕРАТУРА 2 – Широк Сокак 40

ГОСТИВАР:

  • TOBACCO BNB – Ул. ЈНА бр.1
  • ВОЈНА ПЕТ – Ул. Живко Брајковски 15

ТЕТОВО:

  • ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107, локал бр.2
  • ТОБАКО МОНАКО – Ул. Илинденска 176

СТРУМИЦА:

  • ТА САФАРИ – Ул. Благој Јанков Мучето бр.2
  • ЛИТЕРАТУРА – Ул. Благој Јанков Мучето бр.4

ОХРИД:

  • ТА ВИС ПОЈ – Бул. Македонски Просветители бр.1

ВЕЛЕС:

  • УНИСОН – Ул. Благој Ѓорев бр.9

РАДОВИШ:

  • HALKIDIKI TRAVEL – Ул. Партизанска бр.43

ПРИЛЕП:

  • Т.А. БРАН – Ул. Пере Тошев 75

КУМАНОВО:

  • Кафе Бар АГОРА – Т.Ц. Гарнизон

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА:

  • CLIFF OF MOHER – PUB Маршал Тито