РФМ застана во одбрана на Вардар, суспензија на клубот од ЛШ ќе влијае лошо за ракометниот спорт
Ракометната федерација на Македонија се обрати до ЕХФ, можната суспензија на Вардар од настап во Лигата на шампионите, може драматично да влијае на развојот на ракометниот спорт во државата.
РФМ се обрати со писмо до ЕХФ, застана во одбрана на Вардар, и бара да му се дозволи учество во ЛШ.
„Вардар е бренд не само во Македонија туку и на Балканот и Европа. Има голема база на навивачи и голема важност во развојот на ракометот во Македонија. Двократен освојувач на Лигата на шампионите и со самото тоа е главен виновник што голем број млади се одлучија за овој спорт. Се плашиме дека оваа одлука за исклучување на Вардар може да влијае негативно на сликата за ракометот генерално не само во Македонија туку и на целиот Балкански полуостров“, стои во писмото на РФМ.