Тренд // Стил
Римска лежерност во новите парчиња на ненадминливиот БРИОНИ
Брендот Бриони го помина денот покрај живописниот Тибер, снимајќи ја кампањата за новата колекција пролет / лето 2021 година
Приближувајќи се кон сезоната што доаѓа, Бриони го прифаќа „римскиот концепт на секојдневен стил за сите прилики“.
Новите дизајнерски кодови претставуваат реинтерпретација на формалните кроеви, нагласувајќи ја потребата од шик секојдневни парчиња - познатата марка понуди облека полна со модели од волна, кашмир, памук, свила, со едноставни, чисти линии.
Моделите Мејсон, Идрис и Серсуб ги добија улогите на лицата на сезоната, апсорбирајќи ги убавините на Рим, инспирирајќи нè во елегантни кошули, палта, костуми, јакни и други новини.
Погледнете во галеријата: