Рингов: Не гледам како Шкупи може да го победи Динамо, странците во тимот се за клуб како Интер, но од Запрешиќ

Шкупи закажа дуел со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите, а медиумите во Хрватска со интервју на македонската легенда , Васил Рингов, го најавуваат двомечот.

Рингов, кој беше дел од Динамо Загреб, вели дека шансите на Шкупи се мали во оваа пресметка.


„Динамо е неколку класи подобар од Шкупи, фудбалската лига во Хрватска е посилна од македонската, странците кои играат во нашиот шампион се со послаб квалитет, не сакам да ми се налути некој, или да бидам погрешно сфатен, но тие се за тим како Интер од Запрешиќ во хрватското првенство. Седлоски беше одличен играч, добар тренер, и се што им преостанува е да се борат до максимум“, изјави Рингов за Јутарњи.

Целото интервју, можете да го прочитате ОВДЕ.

ФОТО: ВАСИЛ РИНГОВ/ФЕЈСБУК