Ристовски: Малта е противник по мерка, три бода е единствена опција за Македонија

Македонија е утре ја пречекува Малта, квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2024 година а домаќин е Германија.

Според распоредот, Малта е противник против кој Македонија е фаворит на стартот, иако располагаат со добар индивидуален квалитет.

Капитенот Стефан Ристовски најавува победа.

„Овој противник за нас е по мерка да ги почнеме квалификациите со победа и тоа е најважно во моментов. Одиме чекор по чекор,  да отвориме утре со три бода што ќе ни даде мотив за следните натпревари. Долго време не можевме да се собереме сите поради повреди поради што не бевме комплетни.Сакам само победа против Малта, тоа е најважно утре“, изјави Ристовски.

Натпреварот кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.