Спорт // Спорт
Ристовски: Ова чувство беше прекрасно, не ни сонував дека ќе биде вака во Скопје
Динамо Загреб го елиминира Шкупи со 1-0 во Скопје, прекрасен натпревар на кој македонскиот шампион покажа карактер, борбеност, но поискусниот противник ги казни грешките.
Стефан Ристовски беше импресиониран од атмосферата во Скопје, како играч на Динамо да игра на овој стадион, не ни сонувал.
„Уште како дете како играч на Вардар, знаев што значи Динамо како клуб во регионот, почувствував пријатна атмосфера во моето Скопје. Никогаш не сум сонувал дека ќе играм на овој стадион како играч на Динамо. Шкупи има добар тим, им посакувам успех понатаму. Ние се спремаме за следните предизвици“ – рече капитенот на македонската репрезентација и играч на Динамо.
ФОТО: ФК ДИНАМО ЗАГРЕБ/ТВИТЕР